Прв состанок на Контакт групата за Венецуела

Од:

Во главниот град на Уругвај, Монтевидео денеска ќе се одржи прв состанок на меѓународната Контакт група, што ја формираше Европска унија за да помогне во организирање на нови претседателски избори во Венецуела.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини неодамна најави формирање на Контакт група составена од земјите членки на Унијата и неколку јужноамерикански држави.

Таа наведе дека Контакт групата има рок до 90 дена за постигнување на „позитивни резултати“ со цел да се создадат услови неопходни за политички процес со кој ќе и се овозможи на граѓаните на Венецуела сами да одлучат за својата иднина по пат на слободни и транспарентни избори.

Во Контакт групата се Германија, Шпанија, Франција, Италија, Португалија, Холандија, Велика Британија, Шведска, Болиција, Костарика, Еквадор и Уругвај.

Додека опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела има поддршка од меѓународната заедница, претседателот Николас Мадуро го поддржуваат Русија, Кина, Северна Кореја, Турција и Куба. Мадуро претходно изјави дека е подготвен за предвремени парламентарни избори, но оти ја исклучува можноста за нови претседателски избори.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски