Прв сомнителен случај на ебола во Чешка

Од:

Во Чешка е евидентиран прв случај на сомнеж за хеморагичнате треска ебола кај 56-годишен Чех, кој пред повеќе од 20 дена се вратил од Либерија, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што соопштија надлежните здравствени служби, иако освен повисока температура, пациентот нема други симптоми, тој е хоспитализиран во специјално подготвеното одделение за евентуални заболени од ебола во прашката болница „На Буловце“.

Мострите земени од пациентот ќе се тестираат во Германија и резултатите ќе бидат познати денеска.

Пациентот, во моментот е изолиран во специјална херметичка просторија, а персоналот со него е во контакт преку гумени ракави.

Според лекарите, состојбата на пациентот предизвикува сомнеж за смртоносната болест ебола, но симптомите и здравствената состојба се слични и на ред други болести.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица