Американските здравствени власти објавија дека жител на Лос Анџелес почина од мајмунски сипаници, што се верува дека е првиот смртен случај во САД од овој вирус, пренесува Гардијан.
Одделот за јавно здравје во Лос Анџелес ја потврди смртта и соопшти дека поединецот бил со сериозно ослабен имунитет. Тие не дадоа повеќе детали за лицето.
Одделот и Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) донесоа одлука дека смртта се должи на мајмунските сипаници.
Тексас минатиот месец ја пријави првата смрт кај човек на кого му беа дијагностицирани мајмунски сипаници. Но, тој случај сè уште е под истрага за да се види каква улога имале мајмунските сипаници во смртта.