Прв смртен случај од коронавирус во Пекинг

Од:

Властите во Пекинг денеска потврдија за прв смртен случај во кинескиот главен град од новиот смртоносен вирус што брзо се шири низ целата земја, каде досега живот загубија повеќе од 80 луѓе и предизвика глобален аларм.

Жртвата е 50-годишен маж, кој го посетил централниот град Вухан, епицентар на епидемијата, на 8 јануари и развил треска откако се вратил во Пекинг седум дена подоцна, соопшти градската здравствена комисија.

Тој бил хоспитализиран на 21 јануари и почина денеска од респираторни компликации, соопшти комисијата.

Вкупно 80 од повеќе од 2.700 случаи се регистрирани во кинеската престолнина каде живеат 20 милиони луѓе

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио