Прв случај на лепра во Ирска

Од:

Здравствените власти во Даблин соопштија дека во Ирска е регистриран прв случај, во поново време, на пациент болен од тешката болест лепра.

Болеста е регистрирана уште на почетокот од годинава кај еден пациент од Бразил, кој веќе неколку години живее во Ирска.

Лекарите констатирале дека тој страда од повторно појавување на болеста, од која еднаш се лекувал пред десет години во Бразил.

Претставник на ирската епидемиолошка агенција, доктор Конор Галагер изјави дека еден ваков случај е типичен за Средниот век, а не за денешно време и најсовремени услови во медицината, но додаде дека „е мал ризикот“ од појава на нови заболени од оваа болест.

Според Галагер, отсуството на вистинските лекови за борба со болеста, малото знаење кај лекарите за која болест станува збор, како и јавниот срам од лепрата и лепрозните луѓе, која е типична за земјите во развој, се причини кои ја одржуваат болеста.

Индија има најголем број пациенти во светот болни од лепра, а Бразил е на второто место. Здравствените експерти објаснуваат дека дури 95 отсто од светската популација има природен имунитет за одбрана од оваа тешка болест, чие лекување трае бавно и долго.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина