Еден провалник во Нов Зеланд,самиот и се предале на полицијата, кога во куќата во која влегол да краде открил обесен човек.
Крадецот толку се исплашил што почнал да вреска, а за неговите пискотници најблиските соседи мислеле дека станува збор за домашно насилство.
Шокиран од трупот во кој се удрил во темнината на куќата, провалникот се откажал од грабежот и ја сочекал полицијата, на која самиот и се предал.
Инцидентот се случил во раните часови, по полноќ, во семејната зграда во градот Хамилтон, јужно од најголемиот новозеландски град Окланд.
Претставник на полицијата изјави дека овој трагичен инцидент, можеби ќе му помогне на еден крадецот сосема да се откаже од досегашната „професија“ за да му се посвети на чесниот живот и да го напушти криминалот по кој досега е познат.
Против него нема да биде покренато никакво обвинување во врска со обесениот човек ниту ќе се истржува случајот, затоа што станува збор за самоубиство.
Крадецот со слаби нерви ќе одговара само за обид за грабеж. Истрагата на полицијата утврди дека сопственикот на куќата се обесил неколку часови пред упадот на провалникот, но признава дека ако не беше тоа, ќе поминеа неколку денови пред да беше најдено неговото тело.