Противниците на Џонсон сакаат пролонгирање на Брегзит

Од:

Пратениците кои се спротивставуваат на плановите на британскиот премиер Борис Џонсон за Брегзит, бараат да се донесе закон со кој ќе биде присилен да го одложи излегувањето на Велика Британија од Европската унија до 31 јануари 2020 година, според копија на законот објавен на Твитер од еден од авторите на законот.

Предлог-законот ќе бара од Џонсон да побара од Европска Унија да го одложи Брегзит доколку не успее да постигне нов договор за излез со ЕУ до 19 октомври или да добие парламентарно одобрение да го напушти европскиот блок без договор.

– Целта на тој закон е да се обезбеди дека Велика Британија не ја напушта Европската унија на 31 октомври без договор, освен ако парламентите не се договорат, објави пратеничката Хилари Бен на Твитер.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика своите високи министри на разговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска