Голем број противници на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска блокираа повеќе улици и патишта во реонот на Каракас.
Тоа, според нив, е почеток на постојани улични протести против левичарската влада на Мадуро.
– Денеска во Венецуела се разбудивме и почнавме со блокади на улиците, изјави опозицискиот пратеник Мигуел Пизаро.
Тој беше придружуван од голем број луѓе кои извикуваа пароли и веаја знамиња за време на протестот на главниот автопат кој води кон Каркас, против, како што велат, диктаторскиот режим на Мадуро.