Против Доналд Трамп е покренато уште едно обвинение

Од:

Специјалниот советник Џек Смит поднесе нови обвиненија против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како дел од истрагата за напорите за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, кои доведоа до упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Ова е второ федерално обвинение што Смит го покрена против Трамп, пренесува Fox News.

Обвинението се состои од четири точки кои го обвинуваат Трамп за заговор за измама на Соединетите држави, заговор за попречување на службените постапки (пренос на власта), попречување и обид за попречување на службената постапка, како и кршење на правата гарантирани со законите и Уставот на САД.

Во обвинението се додава дека Трамп имал и шест соучесници, но нивните имиња не се споменуваат.

Поранешниот американски претседател е повикан да се појави пред федералниот судски суд во Вашингтон во четврток, а судија во случајот се очекува да биде Моксила А Упадјаја.

Првото обвинение против Трамп беше покренато како дел од истрагата за доверливи документи кои поранешниот претседател ги изнесе од Белата куќа, а пред тоа големата порота на Менхетен го обвини Трамп за деловна измама.

Трамп се изјасни за невин во двата случаи

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари