Поради недостигот на свинско месо за традиционалната божикна прослава денеска стотици жители на главниот град на Венецуела, Каракс, излегоа на улиците во знак на протест.
Во Венецуела има недостиг на храна како резултат на долгогодишната економска криза, предизвиката од левичарските политики на претседателот Николас Мадуро и неговиот претходник Уго Чавез, кои доведоа до хиперинфлација и економски колапс.
Мадуро неодамна вети дека кризата е при крај и дека овој Божиќ властите ќе обезбедат доволно свинско за традиционалните специјалитети халака и пернил. Но, откако продавниците останаа празни во пресрет на Божиќ, протести вчера се одржаа во повеќе делови на Каракас, а дел од нив продолжијат и денеска. Демонстрантите палеа ѓубре и го блокираат сообраќајот.
Мадуро за недостигот на месо ја обвини Португалија, која не ја испорачала договорената пратка. Од владата на Португалија реагираа дека дека не се виновни и ја упати Венецуела да ги регулира своите односи со компанијата со која договарала набавка на месо.