Протести во Украина поради нападот на двајца украински новинари

Од:

Десетици новинари протестираа денеска пред Министерството за внатрешни работи во Киев, бидејќи полицијата одби да го истражи нападот врз новинари за време на опозициски митинг.

Протестите уследија откако новинарката Олга Снитсарчук од телевизијата Канал 5 и нејзиниот сопруг Владислав Содел, фоторепортер за весникот „Комерсант“, беа нападнати од група млади, додека се обидувале да направат репортажа од судир меѓу групата и опозициски активисти за време на саботните протести.

Откако двајцата новинари се пожалија дека полицијата одбивала да интервенира во случајот, Министерството за внатрешни работи на Киев покрена истрага за расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина