Протести во Кишињев на приврзаници на обединувањето со Романија

Од:

Илјадници приврзаници на обединувањето на Молдавија со Романија се вклучија денеска на митинг на главниот плоштад во Кишињев, повикувајќи ги властите да ги обединат двете држави, јави ТАСС.

Во демонстрациите учествуваа над пет илјади лица.

Демонстрантите вееја знамиња на Романија и на Молдавија и скандираа „Долу границата на реката Прут!“ и „Обединување!“.

Благодарение на засиленото полициско присуство, не дојде до судири меѓу демонстрантите и граѓани незадоволни од нивните дејствија.

Организатор на митингот беше Блокот на националното единство, кој обединува околу 20 невладини организации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он