Протести во Киев – демонстрантите бараат смена на Порошенко

Од:

Неколку стотина луѓе синоќа протестираа во Киев барајќи смена на претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Актуелниот претседател, кој е кандидат и на изборите што се закажани на 31 март, е мета на напади откако новинарска истрага поврза еден од неговите блиски соработници со наводна проневера на воени средства.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Има многу кандидати, но само еден е крадец“, алудирајќи на мотото на Порошенко – „Има многу кандидати, но само еден е претседател“.

Порошенко негира вмешаност во проневерата и побара Обвинителството да го испита случајот.

Рејтингот на Порошенко драстично е намален поради сеприсутната корупција и економските проблеми кои уследија по руската анексија на Крим во 2014 година.

Според анкетите, актуелниот претседател е на второ место, зад комичарот Володимир Зеленски.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Повеќе од 150.000 луѓе на антидесничарскиот протест во Берлин

Горан Наумовски