Протести во Израел, демонстрантите бараат оставка од Нетанјаху

Од:

Илјадници Израелци синоќа демонстрираа во Ерусалим, барајќи оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху, кому му се суди за корупција и е обвинет дека не одговорил соодветно на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Помали протести се одржаа и во другите делови на Израел и пред куќата на Нетанјаху во крајбрежниот град Цезареја.

На протестот во Ерусалим, демонстрантите се собраа на влезот од градот и се упатија кон резиденцијата на Нетанјаху носејќи израелски знамиња, како и црни знамиња кои се симбол на едно од протестните движења.

На транспарентите што ги носеа пишуваше „Ова не е политика, ова е криминал“.

Владејачката коалиција на Нетанјаху привремено избегна можен распад оваа недела откако беше договорено со неговиот поранешен ривал, сега коалициски партнер Бени Ганц, гласањето за буџетот да се одложи до декември.

Доколку Ганц и Нетанјаху не успееја да се договорат за одложување на гласањето за буџетот, владата ќе паднеше и Израел ќе имаше четврти општи избори за помалку од две години.

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусите поттикнува протести затоа што, по првичниот успех во запирање на ширењето на заразата, Израел премногу брзо ја отвори својата економија во мај, што доведе до нагло зголемување на бројот на заразени.

Во Израел се заразени повеќе од 113.000 луѓе, а бројот на жртвите се доближува до 1.000.

Невработеноста е поголема од 20 проценти, а на протестите учествуваат и луѓето погодени од рестриктивните мерки.

Во меѓувреме, на Нетанјаху му се суди за измама, злоупотреба на доверба и примање мито.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски