Во повеќе италијански градови се одржаа протести поради владините мерки против Ковид-19, а на неколку собири се случија и судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Ситуацијата во неколку градови ескалиралаше, а за тоа значајно влијание имаа екстремистичките групи.
?? #ITALY – Mass protest underway in #Milan against the new lockdown restrictions of the government!
Clashes with the police are underway..#lockdown #COVID19 pic.twitter.com/Q6Jwil4ikf
— ISCResearch (@ISCResearch) October 26, 2020
Одделни демонстранти ја гаѓаа полицијата со петарди и шишиња, а во Милано фрлаа молотови коктели и го блокираа сообраќајот.
Ситуацијата е тензична и во Торино, каде демонстрантите фрлале димни бомби, а повреден е еден фоторепортер.
anti Coronavirus lockdown protests have spread throughout #Italy, this is #Lecce tonight. pic.twitter.com/WEDUMNeJYL
— AC (@10Cinque) October 26, 2020
Протести имаше и во Неапол.
Протестите во Италија започнаа во петокот кога премиерот Џузепе Конте најави нови ограничувачки мерки против пандемијата, во државата беа воведени нови рестриктивни мерки поради новиот пораст на бројот на заразени од коронавирус, а некои од мерките вклучуваат ограничено работно време на баровите и рестораните до 18 часот и целосно затворање на фитнес центрите, базените, кино салите и театрите.