Протести во Хонг Конг, уапсени неколку активисти

Од:

Стотици жители на Хонг Конг денеска протестираа на улиците на градот, поради усвојувањето на рестриктивниот кинески закон за национална безбедност, како и одложувањето на изборите за законодавен совет во Хонг Конг, кои првично требаше да се одржат денеска.

Демонстрантите носеа транспаренти и извикуваа антирежимски пароли како: „Да го ослободиме Хонг Конг“, кои сега се забранети со новиот закон.

За време на протестот беа уапсени неколку истакнати антирежимски активисти.

Иако властите во Хонг Конг тврдат дека одложувањето на изборите за една година, објавено во јули, беше единствено поради пандемија на коронавирусот, а не од политички причини, овој потег предизвика незадоволство кај опозицијата, која се надеваше дека првпат ќе освои мнозинство во законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше