Протести во Брисел поради владините мерки за штедење

Од:

Повеќе од 10.000 луѓе протестираа денеска во Брисел против мерките за штедење. Протестите ги организираа трите најголеми синдикати во државата кои се против одлука на Владата за замрзнуавње на платите, социјалните давачки и минималниот износ за надомест за труд.

– Пензионери, невработени и болни немаат ни минимум да ги задоволат своите потреби, изјави Клод Роли, лидер на синдикатите.

Иако синдикатите не организраа генерален штрајк, сообраќајот тешко се одвиваше во државата, автобускиот сообраќај во Брисел беше речиси запрен, додека трамваите и метрото работеа со околу 75 отсто капацитети.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on