Во Хондурас избија насилни протести, каде бавната обработка на резултатите од претседателските избори и малата разлика меѓу главните кандидати создадоа тензии.
Веднаш по изборите во неделата и двајцата претенденти – актуелниот претседател Хуан Орландо Хернандес и кандидатот на левичарската опозиција Салвадор Насрала прогласија победа, иако првично со мала предност од еден процент водеше Насрала, јави ДПА. Но, потоа Хернандес изби пред него според бројот на добиени гласови.. Според последните податоци, при преброени 92,62 отсто од гласовите, Хернандес 42,92 отсто, а Насралах 41,43 отсто.
Насрала, лево ориентиран телевизиски водител, има поддршка од поранешниот претседател Мануел Зелаја, кој беше соборен со воен удар во 2009 година, откако предложи референдум со цел да добие можност да биде реизбран.