Протести против одуката на Џонсон за суспензија на Парламетот

Од:

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон денеска им порача на пратениците кои сакаат да спречат Брегзит без договор да донесат закон или да ја соборат владата, а конзервативниот претседател на Долниот дом на Парламентот тврди дека сега ЕУ треба го спречи хаотичниот излез.

Британците од излезот од ЕУ ги дели најмалку два месеца, а се уште не е постигнат договор меѓу двете страни, со кој ќе се ублажат последиците од Брегзит.

Илјадници луѓе се собраа на протести во Лондон, Манчестер, Единбург и други градови додека се потпишува петиција на интернет со повеќе од 1,1 милион потписи до денеска. На најголемиот собир во Лондон луѓето скандирале „Запри го пучот“ и се виореле знамиња на ЕУ.

Претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент Џејкоб Рис-Мог и порача на опозицијата дека има два избора пред себе.

– Еден е смена на власта, а другиот е промена на законот. Ако немаат храброст или идеја да постигнат било што од тоа, тогаш на 31 октомври ќе излеземе согласно резултатите од референдумот, изјави влијателниот член на конзервативната партија.

Тој нагласи дека „сега треба ЕУ да одлучи дали сака разумен договор или ќе инсистира на вазалство“.

Кралицата Елизабета Втора го одобри барањето за прекин на работата на Парламентот, што значи дека тој нема да заседава од средината на септември до средината на октомври и тоа ќе биде најдолг прекин во работата на британскиот Парламент за речиси 400 години од парламентарната историја, а повторно ќе биде отворен на 14 октомври, малку повеќе од две недели пред Брегзит.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

ВИДЕО: Демонстрантите во Нови Сад удираат и понижуваат постара жена

И со покачување од 30 проценти ќе бидеме под просечната плата – протест на вработените во седум министерства и неколку институции

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник