Протести против новата чешка министерка за правда

Од:

Неколку илјади Чеси денеска се собраа на протести во Прага, поради именувањето на Марија Бенешова за нова министерка за правда на Чешка.

Демонстрантите стравуваат дека Бенешова би можела да влијае врз судскиот процес против чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој е обвинет за проневера на два милиони евра од европските фондови.

Бенешова, која за министерка за правда беше именувана минатата недела, досега беше советник на чешкиот претседател Милош Земна, кој е близок сојузник на премиерот Бабиш.

– Протестираме против фактот што таа стана министерка за правда еден ден откако полицијата предложи обвинение против премиерот. Според нас, тоа е неприфатлива коинциденција, изјави еден од организаторите на протестот, Микулаш Минар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

ВИДЕО: Демонстрантите во Нови Сад удираат и понижуваат постара жена

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

И со покачување од 30 проценти ќе бидеме под просечната плата – протест на вработените во седум министерства и неколку институции