Протести поради убиството на 43 студенти во Мексико

Од:

Во повеќе градови ширум Мексико минатата ноќ се одржаа протестни собири поради убиството на 43 студенти во мексиканската сојузна држава Гереро.

Група од околу 20 демонстрани со маски на лицето, успеаја да ја пробијат заштитната ограда на Националната палата во Мексико Сити, која мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието вообичаено ја користи за официјални церемонии.

Насилните демонстранти се пробија до зградата и со факели ја запалија главната врата на Палатата. Полицајците сепак успеаја да ги потиснат демонстрантите и да го изгаснат пожарот.

Инцидентот се случи по завршувањето на протестниот марш низ улиците на Мексико Сити, во кој учествуваа неколку илјади лица.

Немири имало и во неколку градови во јужно Мексико, каде биле подметнати пожари во неколку возила и биле искршени прозорците на државни административни згради.

Студентите исчезна на 26 септември во градот Игуала во Гереро и од тогаш властите безупешно трагаат по нив. Во петокот Јавното обвинитлство на Мексико соопшти дека располага со докази оти 43-та студенти се убиени. Според Обвинителството, студентите били киднапирани од пропадници на криминалната група „Герерос Унидос“, која се товари за поврзаност со корумпирани полицајци.

Меѓутоа, роднините на студентите не ги прифаќаат ваквите тврдења на Обвинителството и бараат да им бидат приложени сите докази со кои располагаат властите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД