Протести на опозицијата во Каракас: Ако останеме дома ќе изгубиме

Од:

Протести беа одржани во Каракас, предводени од лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој ги повика граѓаните да излезат на улиците и да го соборат од власт претседателот Николас Мадуро.

Гуаидо повика на демонстрации низ целата земја за да заживее кампања што се спроведува против Мадуро од јануари,а која изгуби во изминатите месеци од интензитетот.

Тој ги повика приврзаниците да останат на улиците наредните денови, укажувајќи на Боливија, каде по 18 дена протести, Ево Моралес, сојузник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, поднесе оставка.

-Ако останеме дома, ќе изгубиме, рече Гуаидо на протестен марш со помала група приврзаници кон боливиската амбасада во источен Каракас.

-Денеска, утре и понеделник – ќе бидеме на улиците, рече Гуаидо.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот