Жителите на Северна Кореја денеска излегоа во голем број на улиците на Пјонгјанг во знак на протест против резолуцијата на ОН со која се осудува состојбата со човековите права во земјата.
Учесниците на протестот, што се одржа на плоштадот Ким Ил Сунг, носеа транспаренти со изразување благодарност за нивниот лидер и осуда на САД.
Северна Кореја ја отфрли резолуцијата на ОН, прва со која СБ на ОН повикува на прашањето со човековите права во земјата да го упати до Меѓународниот кривичен суд.
Ваквата одлука ќе отвори можност севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да се најде на листата на обвинителството. Необврзувачката резолуција би требало да се најде пред Генералното собрание на ОН идната недела.
Северна Кореја смета дека потегот на ОН е заснован на измислени обвиненија на дезертери и дека е поддржан од САД и останатите земји што настојуваат да го урнат владиниот режим.