Група од 43 луѓе почна протестен марш од југозападниот дел на Мексико до главниот град, чија цел е да не се заборави исчезнувањето без трага на 43 мексикански студенти.
Учесниците во протестот до недела ќе изминат 200 километри до Мексико Сити, каде на централниот плоштад ќе одржат митинг.
Четириесет и тројцата студенти исчезнаа кон крајот на септември во градот Игуала, откако учествувале на протест. Се претпоставува дека корумпирани полицајци и нарко-дилери се вмешани во овој криминал.