Протест во Париз за време на полициски час

Од:

Во Париз синоќа се одржа непријавен протест против новите ограничувања за време на полициски час што вчера стапи во сила вчера во главниот град на Франција.

Во регионот на Ил де Франс, каде што се наоѓа главниот град Париз, како и во осум други француски региони, синоќа стапи во сила нова мерка за полициски час, која ќе трае од 21 до 6 часот наутро секој ден во наредните четири недели.

Околу стотина учесници во протестот извикувале „слобода, слобода“ и фрлале корпи за отпадоци на улица, а по триесетина минути полицијата успеала да ги принуди насобраните да се разотидат.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано