Околу 215.000 луѓе денеска протестираа во Мексико Сити против легализација на истополовите бракови, што ја предложи мексиканскиот претседател Енрике Пења Нијето, соопшти Националниот фронт за семејство.
Демонстрантите облечени во бело и со бели балони носеа транспарент „Посвоените деца заслужуваат татко и мајка“.
Свештеникот Абрахам Ледесма тврди дека демонстрантите не се против истополовите врски туку против официјализирање на таквите бракови и приближување на таквата идеја преку образовниот процес.
Од друга страна на полицискиот кордон, што го обезбедува протестот, има неколку истополови двојки.
– Тие се мнозинство, но тоа не е причина да се намалуваат правата на малцинствата. Тоа води кон фундаментализам, истакна геј активистот и учител Фелипе Куироз.
Нијето во мај предложи легализација на хомосексуалните бркаови во цела земја, откако таквиот брак беше легализиран во неколку мексикански градови.