Протест во Индонезија за поддршка на Палестина и против одлуката на Трамп

Од:

Пред амбасадата на САД во Џакарта се собраа околу 10 илјади Индонезијци на протестен митинг во знак на поддршка на Палестинците, осудувајќи ја одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Демонстрантите беа со транспаренти „Амбасада на САД, оди си од Ал Кудс“, „Ослободете ги Ерусалим и Палестинците“, „Ние сме со Палестинците“ и „Палестина во нашите срца“. Ал-Кудс е арапското име за Ерусалим.

Протестот беше организиран од исламистичката Партија на правдата и просперитетот, а денешниот беше втор протест откако Трамп ја објави одлуката во средата.

Претседателот Џоко Виду ја осуди одлуката на Трамп за која што рече дека е прекршување на резолуциите на ОН.

Индонезија, како земја со најголемо муслиманско население во светот, одамна силно ги поддржува Палестинците и нема дипломатски односи со Израел.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски