Протест против вонредната состојба воведена од Трамп

Од:

Неколку стотици противници на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа во Вашингтон да протестираат против неговото објавување на „вонредна состојба”, со цел да го избегне одбивањето на Конгресот да му одобри финансирање на ѕидот на границата со Мексико.

Демонстрантите пред Белата куќа носеа транспаренти на кои пишува „Трамп го корумпира Уставот” и „Веќе не сакаме крал”.

Еко-активистот Сем Крук, кој носеше транспарент на кој Трамп е наречен „чирак-диктатор”, рече дека американскиот претседател „ги прекрши правилата за да ги постигне целите”.

Адвокатката Алисон Фулц изјави дека Трамп „ја измислил кризата” за да објави вонредна состојба и „да се однесува како дете”.

За време на изборната кампања во 2016 година, Трамп вети дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико, со цел да се спречи илегалната миграција. Бидејќи Конгресот не одобри пари, Трамп во петокот прогласи вонредна состојба, што му овозможува да го користи, меѓу другото, и буџетот на Пентагон.

Демократите и некои републиканци го обвинија дека ја злоупотребува власта, а опозицијата се надева дека во Конгресот ќе се изгласа „заедничка декларација”, со што указот на претседателот ќе биде блокиран.

Би можело да ве интересира

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

По победата на Трамп, многу очајни Американци истражуваат како да се преселат во странство

Предраг Петровиќ