Протест на околу 100.000 жени во Бразил против претседателот на Бразил

Од:

Околу 100.000 жени од руралните средини во Бразил се собраа во главниот град на традиционалниот „Марш на Маргарида“, кој годинава помина во знак на протест против претседателот Жаир Болсонаро.

Маршот се одржува секоја четврта година во знак за поддршка на руралните области и за правата на жените во Бразил, каде е многу присутно семејното насилство.

Маршот е наречен по бразилската синдикална лидерка Маргарида Мариа Албес, која беше убиена во 1983 година.

Жените протестираа поради владината политика на проширување на употребата на пестициди и плановите на Болсонаро да експлоатира рудници во автохтони и заштитени подрачја.

Жените од разни домородни племиња протестираа поради „геноцидната политика“ на Болсонаро. Жените го обвинија бразилскиот претседател и дека „женомразец, хомофоб и расист“

Поголемиот број жени носеа цвеќе, сламени шешири и виолетова облека – симбол на протестниот марш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15