Протест на официјален Пекинг: Посета на делегација на британскиот Парламент на Тајван е флагрантно кршење на принципот една Кина

Од:

Посетата на делегација на британскиот Парламент на Тајван е флагрантно кршење на принципот на една Кина и грубо мешање во внатрешните работи, соопшти денеска кинеската Амбасада во Лондон.

Кина го смета Тајван за дел од својата територија, потсетуваат медиумите.

Делегација на Комитет на британскиот Парламент соопшти дека за време на нивната посета на Тајпеј ќе се сретнат со тајванската претседателка Цаи Инг-вен и други високи претставници.

„Кинеската страна апелира до британската страна да ги почитува своите обврски, да престане со сите дејствија кои го прекршуваат принципот на една Кина и да престане да се меша во внатрешните работи на Кина“, се наведува во соопштението на амбасадата објавено на Твитер.

Потезите на британската страна, кои ги поткопуваат кинеските интереси, ќе наидат на силни реакции од кинеската страна, додаде амбасадата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Силен земјотрес во Тајван

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски