Протест на француските Жолти елеци пред седиштето на ОН во Женева

Од:

Најмалку 600 француски Жолти елеци се собраа во Женева пред европското седиште на Обединетите нации за да ја осудат бруталноста на француската полиција.

Протестите на Жолтите елеци почнаа во ноември поради зголемување на данокот за гориво и високите трошоци за живот, по што прераснаа во општ револт против претседателот Емануел Макрони.

Организаторот Николас Молиер рече дека демонстрантите се надеваат дека ќе го привлечат вниманието на претставниците на Обединетите нации.

– Франција мора да одговара. Некои жртви изгубија око, некои рака или стапало, рече Молиер.

Протестите на Жолтите елеци понекогаш беа обележани и со насилство. Според резултатите на анкетата што ја направи „Елабе“, а беа објавени минатата недела, 56 отсто Французи сакаат неделните протести да завршат.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск