Протекоа ужасни снимки од касапењето на Кашоги? Светот е вознемирен од морничавите глетки

Од:

На интернет се појавија стравични фотографии за кои се тврди дека се направени во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција, а на кои се гледа како, неофицијално се тврди, ѕверското касапење на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Убиството на Кашоги предизвика шок и бес ширум светот и иако се уште не е потврдено дека на сликите е токму тој, тие предизвикаа силни реакции.

Саудискиот новинар кој беше во егзил во Соединтетите Држави од 2017-та година, е убиен на 2 октомври во конзулатот на својата земја во Истанбул, а неговото убиство е тема број еден во светските медиуми.

Претходно се појави снимка, за кој се тврди неофицијално, дека е предаден како доказ, а на кој се слуша дека новинарот е киднапиран, дрогиран и задавен. Потоа е исечен на парчиња. Истражувачите на убиството веруваат дека телото на Кашоги е растопено во киселина, а потоа течноста фрлена во канализација.

Анкара наведува дека операцијата ја спровеле 15 егзекутори испратени од Саудиска Арабија, кои ја напуштиле Турција на денот на злосторството.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД