Проширена областа за пребарување на остатоците од рускиот авион во Египет

Од:

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска на 30 квадратни километри ја прошири областа за потрага по телата на жртвите и остатоците од авионот „А 321“, што се урна на египетскиот остров Синај, соопшти министерот Врадимир Пушков.

Пушков за каналот „Русија 24 ТВ“ изјави и дека одлуките за операцијата на потрага се донесени во  соработка со египетските колеги.

– Личните предмети на патниците се однесени од местото на несреќата. Развиваме планови и програми за идната работа и продолжуваме да ги спроведуваме сите неопходни акции се додека не ја завршиме потрагата, додаде Пушков, пренесува ТАСС.

Пушков рече и дека спасувачите во потрагата по телата на жртвите користат дронови од руско производство, како и посебни технологии што им ја олеснуваат работата во тешки услови.
Министерот додаде дека потрагата ќе биде продолжена се додека сите тела и делови од тела на жртвите не бидат пронајдени.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски