Проруските сили би можеле да добијат нов лидер со потекло од Доњецк

Од:

Постои можност проруските активисти во источниот дел на Украина да добијат нов лидер, кој ќе биде со потекло од Доњецк, на местото на досегашниот водач Александар Бородај, кој е руски државјанин.

Местото на Бородај наскоро би можел да го замени Александар Захарченко, кој моментно командува со тешко вооружената единица на проруските сили, соопштија анонимни извори, оценувајќи дека тоа би можело да придонесе за намалување на тензиите.

Захарченко веројатно ќе биде именуван за лидер на самопрогласената Доњецка Народна Република „со цел да се зајакне военото крило“ на активистите.

Андреј Пургин, еден од лидерите на ДНР, истакна дека евентуалната промена на лидерот се разгледува, но се уште не е официјално одобрена.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите