Проруските сепаратисти во Придњестровје, регионот што фактички се отцепи од Молдавија, својата војска ја ставија во состојба на зголемена готовност, тврдејќи дека се плашат од воена акција на соседите Украина и Молдавија.
Според наводите на американските медиуми, што се повикуваат на локалните медиуми, војската на Придњестровје наводно очекува почетокот на воената акција да се случи на 26 август, на ден пред молдавискиот Ден на независноста, додека молдависките власти ги обвинуваат сепаратистите за дезинформирање на јавноста.
Тензиите нараснаа откако Молдавија во јуни со Европската унија ја потпиша Спогодбата за придружување, додека населението на Придњестровје сака да биде дел од Русија.
Украинската војска ископа ровови долж границата со Придњестровје заради наводната опасност од упад на руските трупи кои се стационирани во овој регион.