Проруски хакери нападнаа неколку италијански институции, меѓу кои и Сенатот

Од:

Проруски хакери нападнаа веб-страници на неколку италијански институции, вклучувајќи го и Горниот дом на Парламентот, објави новинската агенција АНСА.

Хакерската група „Килнет“ ја презеде одговорноста за нападот, чија цел биле и Националниот институт за здравје и Националниот автомобилски клуб д’Италија.

Веб-страниците на Сенатот, Горниот дом на италијанскиот Парламент и на Институтот се повторно воспоставени по пауза од еден час.

Претседателката на Сенатот, Елизабета Каселати на Твитер објави дека хакерскиот напад не предизвикал никаква штета.

„Ова се сериозни инциденти кои не треба да се потценуваат“, напиша таа.

Министерството за одбрана, чија веб-страница не беше достапна, во соопштение објави дека тоа е „поради долго планираните активности за одржување кои се во тек на веб-страницата“.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, без да даде дополнителни детали.

Од руската инвазија на Украина на 24 февруари, многу западни влади ги подигнаа нивоата на тревога во очекување на можни кибер напади врз ИТ системи и инфраструктура.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен