Пропаднаа обидите да се најде нов шеф на НАТО, Столтенбег останува уште една година

Од:

Јенс Столтенберг ќе остане на чело на НАТО уште една година, откако пропаднаа обидите да се најде негов наследник кој ќе ја добие поддршката од 31 членка на западната одбранбена алијанса, соопштија извори од НАТО.

Официјалната одлука за продолжување на договорот најверојатно ќе биде донесена следниот вторник на состанокот на постојаните претставници на земјите од НАТО во Брисел, дознава ДПА.

Столтенберг во последните неколку месеци неколку пати изјави дека не сака нов мандат. Но, според извори блиски до него, Норвежанецот сега сака да продолжи од „чувството на должност“.

Американските политичари постојано го фалат 64-годишникот за неговото лидерство од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година. Столтенберг направи „неверојатна работа“, рече американскиот претседател Џо Бајден во средината на јуни.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година