Данската полиција соопшти дека обезглавеното тело без рака и нога, пронајдено во морето кај Копенхаген му припаѓало на шведската новинарка Ким Вол, која што пишуваше за „Гардијан“ и „Њујорк Тајмс“, пренесува Би-Би-Си.
Ким Вол последен пат е видена жива на 10. август кога отишла на подморница да прави приказна со пронаоѓачот Питер Мадсен. По неколку часа подморницата „потонала“, Мадсен е спасен, но Вол исчезнала.
Полицијата сега верува дека Мадсен ја убил новинарката и намерно ја потопил подморницата, иако тој тврди дека не направил ништо погрешно. Сепак, како што пишува Би-Би-Си, тој прво за полицијата изјавил дека ја оставил Вол кај Копенхаген, за подоцна да го промени исказот и да каже дека починала во несреќата и дека ја оставил во морето.
Нејзиното тело беше пронајдено на 21. август без рака, нога и глава кои намерно биле отсечени.
Адвокатот на Мадсен изјави дека нејзиниот клиент ништо не признал на полицијата и дека не се чувствува виновен.