Пронајдени телата на шест изрелски заложници во тунел во Кан Јунис

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека пронашле тела на шест израелски заложници во тунел во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

ИДФ вели дека ќе продолжи да ги истражува причините за смртта на заложниците, вклучително и можноста тие да се убиени во израелски напад, пишува The Times of Israel.

Порталот додава дека израелската армија имала точни разузнавачки информации што им овозможиле на војниците на 98-та дивизија и на членовите на безбедносната агенција Шин Бет да стигнат до тунелите во Кан Јунис и да ги пронајдат телата, во нова офанзива во градот.

Се верува дека 105 од 251 заложник земен од Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври сè уште се во Газа, вклучувајќи ги и телата на 34 заложници за кои ИДФ потврди дека се мртви.

На крајот на ноември Хамас ослободи 105 цивили за време на еднонеделното примирје, а пред тоа беа ослободени четворица заложници.

Војниците досега спасиле седум, а пронајдени се телата на 30 заложници, вклучувајќи ги и телата на тројца кои војската по грешка ги убила додека се обиделе да побегнат од киднаперите.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел