На југозапад на Франција полицијата пронашла пет тела на мртви бебиња во семејна куќа, го уапсиле таткото, а мајката е хоспитализирана во болница.
Според наводите на француските медиуми, најпрвин било пронајдено тело на мртво новороденче во минифрижидер, а потоа во тек на денот биле во фрижидер за длабоко замрзнување биле пронајдени тела на уште четири бебиња.
Според првичните информации таткото кој што е на возраст од 40 години во тек на претрес на неговата куќа во Лошау во близина на градот Бордо, на полицајците им го дал мини фрижидерот.
Како што наведуваат француските медиуми мајката која има 35 години очигледно сама се породила во домот и е однесена во болница на гинеколошки и психијатриски прегледи, иако според податоците немала историја на ментални болести. Брачниот пар има две ќерки од 13 и 15 години.
Е.Г.