Најмалку 10 обезглавени тела и 11 човечки глави се пронајдени во мексиканскиот планински реон Гереро, каде владее жестоко насилство, соопшти локалното обвинителство.
Телата, на кои им биле врзани рацете и нозете и со видливи траги на насилство, биле закопани на различни места во селото Тепевиско.
Државата Гереро, кој е сиромашен реон каде што се одгледува марихуана и афион, во септември минатата година го привлече вниманието со исчезнувањето на 43 студенти, кои веројатно биле убиени од нарко-дилери во околината на градот Игуала.
Членови на нарко-картелот „Герерос унидос“ тврдат дека студентите биле убиени и запалени. Досега се идентификувани посмртните останки само на една од жртвите. Во врска со ова грозоморно дело се уапсени околу 90 локални полицајци, шверцери и службеници, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Игуала и неговата сопруга.