Главниот обвинител на мексиканската држава Веракруз потврди дека во предградие на истоимениот град се пронајдени повеќе од 250 черепи во, како што се сомнева, масовна гробница на нарко картел.
Државниот обвинител Хорхе Винклер изјави дека, се чини, во скриената гробница се наоѓаат жртви на нарко картелот, убиени пред неколку години.
– Поради активности на картелот со години наназад исчезнуваат луѓе, а властите беа задоволни, рече Винклер, во очигледниот осврт на работата на администрацијата на одбегнатиот гувернер Хавиер Дуарте и неговите претходници.
Во интервју за една ТВ станица Винклер не откри детали кој и кога ги пронашоил черепите, но се претпоставува дека се најдени во период од неколку месеци, наведуваат француските медиуми.