Пронајдени црните кутии од урнатиот авион во Колумбија

Од:

Колумбиски претставници изјавија дека на местото на несреќата пронајдени се двете црни кутии од урнатиот авион.

Колумбиските медиуми објавија и детали од последниот разговор на пилотите со контролата на летот.

Пилотите се жалеле на проблеми со моторот, како и дека им снемува гориво. Откако контактирале со контролата на летот одобрено им било вонредно слетување.

Претходно, Колумбиската служба за цивилно воздухолпловство соопшти дека најмалку шест лица ја преживеале авионската несреќа, во  која утринава загинаа над 70 лица, вклучувајќи и поголем дел од бразилски фудбалски клуб.

Меѓу преживеаните има тројца играчи на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоензе, двајца членови на екипажот на урнатиот авион и еден новинар.

Бразилскиот претседател Мишел Темер издаде указ за тридневна национална жалост во спомен на жртвите на авионската несреќа во Колумбија.

Британската служба за истраги на воздухопловните несреќи соопшти дека ќе испрати своја екипа од експерти кои ќе треба да им помогнат на колумбиските власти во истрагата за несреќата.

Се очекува тричлената екипа истражители утре да пристигне на местото на несреќата. Истрагата ќе ја предводат колумбиските воздухопловни власти, а Велика Британија ќе учествува како земја во која е произведен авионот.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски