Пронајдена втората црна кутија на авионот на „Џерман Вингс“

Од:

Пронајдена и втората црна кутија на авионот Ербас А320 на германската авиокомпанија „Џерман Вингс“, кој вчера се урна во францкуските Алпи.

Според француските истражни органи втората црна кутија е тешко оштетена. Тие соопштија дека меморискиот чип на уредот за снимање на податоците за летот на авионот е излезен од својата позиција и е невозможно да биде пронајден.

Црната кутија на авионите е уред што најчесто е составен од два дела, кои ги снимаат техничките податоци за летот на авионот и гласот на пилотот за време на летот. Француските истражувачи се надеваат дека ќе дојдат до снимката со гласот на пилотот.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев вчера потврди дека е пронајдена едната црна кутија и дека податоците се предадени за анализа.

Авионот Ербас А320 се урана во Алпите во јужниот дел на Франција, на 100 километри северно од Ница, на летот од Барселона за Дизелдорф. Во авионската несреќа загинаа сите 144 патници и шест членови на екпажот.

Би можело да ве интересира

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците