Пронајдена уште една жртва на поплавите во Тбилиси

Од:

Спасувачките екипи рано изутринава во центарот на Тбилиси пронашле тело на уште една жртва на катастрофалните поплави кои го зафатија градот во текот на викендот.

Телото било откриено во автомобил по повлекувањето на нивото на водата. Грузиската полиција и спасувачите се испратени на терен, каде од калливите наноси вадат возила и проверуваат дали во нив има загинати. Според првичните информации, при поплавите во текот на ноќта автомобили паднале во коритото на реката и биле прекриени од кал и песок. на местото пристигнале геолози, кои го истражуваат ризикот од нови лизгања на земјиштето.

Неофицијални податоци покажуваат дека бројот на жртвите во водената стихија достигнал 15 лица, а околу 20 се сметаат како исчезнати.

Спасувачките активности продолжуваат и во реонот на зоолошката градина, која била целосно уништени, а многу животни побегнале.

Грузискиот министер за финансии Нодар Хадури изјави дека според првичните проценки штетите од поплавите можат да изнесуваат над 18 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски