Пронајден Уругваец кој исчезнал во снежна бура на Андите пред четири месеци

Од:

Уругваецот Фернандо Гомез Сиркунегва (58), кој четири месеци беше прогласен за исчезнат за време на снежна бура на Андите, е пронајден жив од страна на една аргентинска спасувачка екипа.

Чирчунегва во мај годинава се обидел со својот моторцикл да ги премине Андите, од Чиле во Аргентина, но моторциклот му се расипал во текот на една силна снежна бура, па тој останал сам и залутал во зафрлените реони на највисоката планина во Јужна Америка.

Спасувачите го пронашле на височина од 2800 метри.

Лекарите од аргентинската болница каде што Сиркунегва бил однесен по проаноѓањето, соопштија дека е дехидриран и дека загубил 20 килограми од својата телесна тежина, но дека сепак веруваат оти ќе се опорави.

Во првата куса изјава за еден уругвајски весник, Сиркунегва откри дека се хранел од она што го понел со себе кога тргнали на својот опасен поход преку Андите, како и со храната што ја наоѓал во планината или ловејќи стаорци.

Во 1972 година, 16 членови на еден уругвајски рагби тим, останаа заробени 72 денови во реонот на Андите, откако при една снежна бура се урна нивниот авион со 45 патници. Рагибистите патуваа за Чиле од аргентинската страна на планината, а патниците кои останаа живи по падот на авионот, преживеаја јадејќи делови од телата на своите загинати другари.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ