Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Од:

Пронајден е автомобилот на Роланд Дрекслер, кој во понеделникот уби две лица во Австрија, пренесува Die Presse. Според информациите, возилото било откриено во шумата меѓу Арнрајт и Алтенфелден, недалеку од местото на злосторството. Специјалната полициска единица Кобра е на терен.

Случаен минувач утрово го открил автомобилот и веднаш контактирал со полиција. Станува збор за сребрен VW Caddy. Инспекторите веруваат дека осомничениот е сè уште жив.

Поради потрагата по убиецот, откажани се сите поворки по повод денот на сите Светци во областа. Жителите меѓу Алтенфелден и Арнрајт, каде во понеделникот се случија две убиства, беа замолени да останат во своите домови.

Се верува дека бегалецот можеби се наоѓа во тој регион. Полицијата соопшти дека областа каде што е пронајден автомобилот е веќе пребарана по злосторството и истражува како возилото стигнало до таму.

Дрекслер го убил градоначалникот на општина Кирхберг над Дунав, Франц Хофер (64) и уште едно лице. По злосторството објавени се резултатите од обдукцијата; началникот имал три прострелни рани, а смртоносниот истрел бил во главата. Исто така, и втората жртва била застрелана во истиот предел.

Би можело да ве интересира

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Јагленосани тело на полицаец пронајдено покрај изгорено возило

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Во двор ја задави со голи раце екс партнерката, соседите ја најдоа мртва

А1он