Прокинескиот политичар Џон Ли избран за нов шеф на извршната власт во Хонг Конг

Од:

Поранешниот секретар за безбедност, Џон Ли, е избран за нов извршен директор на административниот регион Хонг Конг, како единствен кандидат, јави ДПА.

Прокинескиот изборен комитет, во кој има околу 1.500 членови, денеска гласаше за наследникот на извршната директорка во заминување Кери Лам.

Овој 64-годишник се смета за политички тврдолинијаш и е познат по неговата апсолутна лојалност кон кинеската централна влада. Во Хонг Конг тој важи за многу контроверзна личност, особено поради неговата активна улога во задушувањето на продемократските демонстрации в о 2019 година.

Ли денеска беше избран за нов шеф на извршната власт во Хонг Конг откако за него гласале 1.416 членови на изборната комисија, што е многу повеќе од 751 колку што беа потребни за да биде избран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски