Пројде рокот на лиценцата за руската нафта, Трамп најавува нови санкции

Од:

Последната американска лиценца што дозволуваше одредени трансакции поврзани со снабдувањето со руска нафта истече денес, со што се стави крај на привременото ослободување воведено за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар, пренесува РИА Новости.

Лиценцата беше важечка до полноќ по локално време и дозволуваше операции потребни за транспорт, продажба и истовар на руска нафта и нафтени деривати натоварени на бродови од 17 април оваа година.

Американските власти претходно двапати ја продолжија важноста на лиценцата.

Првото продолжување беше одобрено во април, а потоа во мај, откако мерката првично беше воведена во март.

Вашингтон ја оправда одлуката со потребата да се ублажат нарушувањата на светскиот пазар на нафта поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток и да се спречи недостигот на гориво предизвикан од нарушувања во енергетскиот транспорт.

Лиценцата не се однесуваше на трансакции што вклучуваат поединци и организации поврзани со Иран, Северна Кореја и Куба, ниту на активности поврзани со Крим и новите руски региони, односно територии што Русија ги прогласи за свој составен дел по референдумите одржани во 2022 година.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во вторникот дека Соединетите Американски Држави наскоро би можеле да ги обноват санкциите врз руската нафта.

Би можело да ве интересира

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит

Трамп се закани поради протекувањето воени тајни: „Треба да бидат стрелани“

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

Републиканците се бунтуваат против Трамп, му испратија писмо

Катерина Ѓуровски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите