Кинеската компанија „Синовак Биотек“ би можела до следниот месец двојно да го зголеми годишното производство на својата вакцина КоронаВак, достигнувајќи една милијарда дози, изјави денеска претседателот на компанијата Јин Веидонг.
– Повеќе од седум милиони дози од вакцината КоронаВак, една од трите кои Кина ги вклучила во својата програма за итна вакцинација, досега се испорачани во регионите, вклучувајќи ги и Пекинг и провинцијата Гуангдонг, истакна Јин на прес-конференција.
Тој нагласи дека „додека производството во рамки на првата фаза на Синовак Лајф Сајансиз може да направи 500 милиони дози на КоронаВак во текот на годината, уште една производствена линија со годишен капацитет од 500 милиони дози ќе стане оперативна до февруари“.
– Резултатите од третата фаза на клиничкото испитувања се доволни да се докаже дека безбедноста и ефикасноста на вакцината КоронаВак е добра низ светот, нагласи Јин.